urnebes-salad

Првиот Веган Пикник во Македонија ќе има и домашен Cook off натпревар каде учесниците ќе треба да подготват вегански специјалитети.

Пријави се на натпреварот во готвење и покажи ги твоите кулинарски мајстории. Се готват само Веган Рецепти, а ќе се оценува изгледот и нормално вкусот на храната!

Пријавувањето е најдоцна до 26/09 – Сабота. Се пријавувате на емаил адресата eden.mk.org@gmail.com со следните податоци:

  • Име и Презиме
  • Емаил
  • Контакт телефон
  • Фотографија од најсовршената Веган порција што некогаш сте ја направиле!

Појаснување: На натпреварот се пријавуваат аматери и професионални готвачи- доколку има пријавени во двете категории, секој ќе се натпреварува во својата категорија. Ние ги обезбедуваме намирниците – вие ни правите список што ќе ви треба.

Официјален спонзор на натпреварот
Официјален спонзор на натпреварот

Напишете коментар