predizvik1

Можеш ли да бидеш веган!? Што значи да бидеш веган!? веган го викаме животниот стил на пријателство и меѓусебна почит со сите живи нешта на Планетата.

Во веган исхраната спаѓаат сите производи од растително потекло кои можете да ги замислите. Во веган рецептите ќе пронајдете многу овошје и зелечук, разни јатки, шумски плодови, мирисни зачини, цветови и диво билје кое во Македонија го имаме во изобилие, а старите знаат колку е корисно.

Во веган исхраната не спаѓаат производи од животинско потекло- млеко, месо, јајца и мед.

Ние ве предизвикуваме да бидете веган најдолго што можете. Ве предизвикуваме секогаш да имате шарено овошје на масата. Ве предизвикуваме и да останете веган после овој предизвик- ама тоа, е само ваша одлука.

За веган предизвикот се пријавувате со пополнување на формуларот долу, и ве објавуваме на списокот на предизвикувачи во рок од 24 часа- по што може да започнете да објавувате рецепти, фотографии или твитови од вашето дневно веган мени. Во предизвикот може да ги користите социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, со хаштагот #ВеганПредизвик. На крајот на предизвикот броиме кој издржал најдолго, ама и кој ги направил најубавите веган јадења.

Веган Предизвикот официјално ќе трае до 26/09 – Сабота. Подготвуваме купишта награди за најупорните!

Официјален спонзор на натпреварот

Напишете коментар